еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Бугарските власти тврдат дека имало обид за атентат на главниот бугарски обвинител

Експлозивна направа вчера експлодира во близина на автомобилот и колоната на главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев, додека се движела на патот од Самоков кон Софија.

Во инцидентот нема повредени.

– Главниот обвинител бил цел на убиство, изјави заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов.

Тој нагласи дека не станува збор за заплашување, туку за обид за атентат, пренесуваат бугарските медиуми.

Сарафов извести дека дошло до екстремно силна експлозија и дека од експлозијата е формиран кратер со длабочина од 30-40 сантиметри и дијаметар од близу три метри.

-Експлозивната направа очигледно била наменета да убие. Не била со намера да заплаши, изјави Сарафов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкави приходи и профит остварила „РКМ“ на Ратко Капушевски, кој заврши во притвор за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино

Редакција

41-годишен скопјанец починал во својот дом

Редакција

Успешна понудата за преземање на Мермерен комбинат од страна на Долит Инвестментс

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница