еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Сашко Георгиев, новиот претседател на Судскиот совет

Судијата Сашко Георгиев е новиот претседател на Судскиот совет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Сашко Георгиев, новиот претседател на Судскиот совет

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал член на Судскиот совет.

Каков имот пријавил

На свое име пријавил куќа и стан во Штип, како и градежно земјиште.

На име на родителите пријавил гарсоњера, куќа и стан во Штип, како и куќа за одмор за која не е наведено каде е, која е од наследство.

На име на сопругата пријавил возило Мерцедес, на име на децата Голф, а на име на родителите трактор.

Тој вози Фолксваген поло.

На име на сопругата пријавил и приходи од закуп, а на име на родителите и стадо овци и фарма.

На свое име пријавил и четири кредити, два според доставените податоци треба да се исплатени, а другите два треба да се исплатат годинава и следнава година.

Кредит пријавил и на име на сопругата, кој треба да е исплатен пред две години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судијата Сашко Георгиев избран за претседател на Судскиот совет

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ обезбеди гас за Скопјани од Макпетрол, но само за две недели

Редакција

Македонското сценарио од 27 април во Конгресот на САД: Светот „вџашен“ од почетокот на 2021 година

Редакција

Поповски: Барам прочка од сите Вас, кои изминативе три децении ги убедував дека ЕУ е синоним за вредности

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница