По српскиот бран насилства и масакри дури сега започна да се прави анализа на состојбите во македонското школство.
Министерството за образование и наука објави дека на електронските адреси изминатите два дена добиле десетина пораки за пријавување насилство. Дел од нив се однесуваат на врсничко насилство, а има и од поранешни професори, со сугестии како да се превенира и намали насилството меѓу децата и младите од училишна возраст.
Се работи за eлектронските адреси prijavinasilstvo@mon.gov.mk и paraqitdhune@mon.gov.mk на албански јазик, на кои се повикуваат учениците, професорите, сите граѓани да пријават насилство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Отворени електронски адреси за пријавување врсничко насилство