еМагазин
Image default
Бизнис

Се зголемила работата на домашните градежници во странство

Во првиот квартал годинава вкупната вредност на договорени градежни работи во странство изнесува 147.965 илјади денари, што е за 12,5 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Податоците на ДЗС покажуваат дека од јануари до март годинава градежната оператива од државава во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 44.338.000 денари, што е за 39,5 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Нашите градежници во првиот квартал годинава работеле на пазарите во Германија, Бугарија, Србија, Црна Гора и Чешка.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Алкалоид“ успешно го реализираше настанот „Развој на лидерство“

Редакција

Владата одлучи: Дозволено е организирање настани во затворен простор

Редакција

Колкави приходи оствариле лани телевизиите Телма, Канал 5, Сител, Алсат М и Алфа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница