еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

На 28 мај втор круг од претседателските избори во Турција – претседател ќе се бира меѓу Ердоган и Киличдароглу

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за нов мандат во вториот круг од изборите ќе се бори со лидерот на опозицијата, Кемал Киличдароглу, соопшти денеска турската државна изборна комисија.

Како што пренесуваат американските медиуми, претседателот на Врховниот избирачки одбор, Ахмет Јенер, изјави дека ниту еден од кандидатите нема да освои апсолутно мнозинство на вчерашниот прв круг од претседателските избори, дури и кога ќе се пребројат преостанатите 35.874 гласови од странство.

Според прелиминарните резултати, Ердоган освои 49,51 отсто, Киличдароглу го зазеде второто место со 44,88 отсто, а трет е Синан Оган со 5,17 отсто, рече Јенер.

-Доколку сите непреброени гласови беа за Ердоган, тој ќе имаше 49,54 отсто, додаде Јенер.

Вториот круг од изборите во кој влегоа Ердоган и Киличдароглу ќе се одржи на 28 мај.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

84 се реинфекции: Нови 711 случаи на Ковид-19 од 3.197 тестови

Редакција

Диомидис Николетопулос реименуван за генерален извршен директор на Стопанска банка Скопје

Редакција

До четврток сончево и потопло, од петок дожд и снег

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница