еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Голем успех на Театарот за деца и младинци со претставата Роња

Куклената претстава „Роња, ќерката на разбојникот“ на Театарот за деца и младинци од Скопје освои две значајни награди на годинешново издание на интернационалните Новосадски театарски игри, кои изминативе осум дена се одржаа во овој град во Србија.

Најновата претстава на скопскиот театар  во режија на младиот, но веќе афирмиран чешки режисер Јакуб Максимов ја доби највисоката награда „Гран При за најдобра претстава во целина“, а жирито на фестивалот дополнително ѝ додели награда за „Мајсторство во анимацијата“ на актерката Матеа Јанковска за креацијата на улогата на Роња во истата претстава.

„Претставата во сите сегменти е исклучителна и слоевита, во исто време архаична и модерна, а ги поседува сите компоненти кои ја прават врвна“, ја аргументираше својата едногласна одлука жирито на Игрите при прогласувањето на претставата за најдобра на годинешниот фестивал.

Соопштувајќи ја пак наградата за актерката Матеа Јанковска, која исто така беше донесена едногласно, жирито со одбрани зборови оценува дека „Матеа опитно ги анимира куклите, енергично и од срце создава лик на храбро и смело девојче, користејќи широк спектар аниматорски и актерски вештини“.

Овие високи признанија се освоени во конкуренција на 12 претстави од 10 држави, меѓу кои, покрај земјите од регионот, и од Германија, Шпанија, Израел и Унгарија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Банка со промотивна кампања за Mastercard Business картички – „За бизнис и задоволство“

Редакција

Дафина Шекутковска вечерва ќе се претстави со самостојна изложба во НЛБ Галерија

Редакција

Македонските пронаоѓачи со повеќе награди на Саемот на иновации и нови технологии во Москва

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница