еМагазин
Image default
Локално

(Видео) Матурант по недолично однесување кон полицијата заработи пријава и е повикан на разговор во полициска станица

На социјалните мрежи се појави видео од матурант кој качен на возило пред хотелот „Александар палас“ во Скопје недолично се однесува кон полициски службеник, што предизвика бурни реакции во јавноста.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека го идентификувала матурантот.

Тој, како што велат од МВР, ќе биде повикан на разговор во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

– Идентитетот на истиот е утврден и од страна на полициски службеници од ЕВР Карпош ќе биде повикан во Полициска станица Карпош и против него ќе се поднесат соодветни прекршочни пријави, информираа од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Му зел 54.500 евра на иселеник во САД за нива што не била негова

Редакција

ЕВН ги санира далекуводите кои беа зафатени во велешкиот пожар

Редакција

Во велешката болница почина едно лице од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница