еМагазин
Image default
Спорт

Васил Јанкула, кој боледува од церебрална парализа, ја извози патеката на Охридскиот маратон

Васил Јанкула од Мала Преспа, кој боледува од детска целебрална парализа, ја оствари својата цел, и со точак на три тркала ја извози триесет километарската патека во рамки на Охридскиот меѓународен атлетски маратон.

– Васил беше дел од 32-то издание на маратонот, што се одржа во Охрид по повод 8 Септември. Денот на независноста на Република Македонија. Со оптимистички дух и храбро срце успеа за два часа да ја извози патеката полна со удолници и угорници. Огромната волја и ентузијазмот на еден млад човек со церебрална парализа беа посилни од неговите кревки мускули на кои болеста оставила неизбришливи траги, пишува весникот „Илинден“.

Се додава дека Васил покажал оти различностите се насекаде околу нас, но дека треба да бидат прифатени и оти лицата со посебни потреби можат да бидат дел од еден ваков спортски настан, па макар и вон конкуренција.

– Со солзи го кажувам ова, но ова младо момче тоа го заслужува. Посакувам да имав магично стапче и се да сменев. Но, си велам се ќе беше попусто бидејќи Васил е посилен и од науката и од здравството. Тој е пример како понатаму да се види изгрејсонцето, да се стане со насмевка и на животот да му се спротивстави со цврсто јас, а тоа е токму Васил, победник на самиот себе си, огледало и пример за секого, изјави неговиот тренер Тони Ангеловски.

Искажувајќи огромна почит за храброста и одлучноста на Васил „Илинден“, единствен весник на македонски јазик во Албанија, му го честита успехот, со кој покажа дека физичкиот хендикеп не и може ништо на желбата и одлучноста на еден млад човек.

МИА/Фото: Фејсбук-профил на Васил Јанкула

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѓоковиќ незапирлив: Го „збриша“ Надал и ја освои седмата титула на „Австралија опен“

Редакција

(Видео) „Фиќо“ против тенк: Победата на Македонија над Германија инспирација за анимиран филм

Редакција

Нова, бесплатна и иновативна СКМ ВИРТУЕЛНА ТРКА – Трка за забава!

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница