еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Директорот на Бирото за метрологија мислел дека метрологијата e наука за времето и временската прогноза

Директорот на Бирото за метрологија, Авдуљ Селам Селами, кадар на ДУИ, денеска на Светскиот ден на метрологијата во своето обраќање самиот сподели дека до пред некое време мислел дека метрологијата е наука за времето и временската прогноза.

-Метрологијата е наука за мерењата, метрологијата нема врска со временска прогноза во која што и јас, очигледно да Ви кажам, до пред некое време грешев, мислев дека е наука за времето, рече Селами.

Тој е дипломиран правик, бил инспектор во Управата за јавни приходи (УЈП), заменик директор на Агенција за финансиска поддршка на земјоделието и рурален развој, заменик директор на УЈП, а бил и член на Управен одбор на Универзитетска клиника за невролоија и член на Управен одбор на ЈП „Улици и патишта“- Скопје.

Видео: МИА/Фото: Министерство за економија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Предупредување од Интерпол: Нов предизвик на социјалните мрежи – групно самоубиство на млади луѓе

Редакција

Кој е Марјан Ристески, новиот заменик министер за економија и труд

Редакција

(ВИДЕО) Италијанските медиуми објави фотографии од убиеното семејството Поцеста од Дебар

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница