еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Третопласираниот на претседателските избори во Турција му даде поддршка на Ердоган за вториот круг

Синан Оган, кој на минатонеделните претседателски избори во Турција го освои третото место, во вториот круг од изборите, што ќе се одржат на 28 мај, најави поддршка за актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Националистичкиот кандидат ја објави својата одлука вчера, неколку дена пред вториот круг од изборите кога Турците ќе одлучат дали Ердоган или лидерот на опозицијата Кемал Киличдароглу ќе ја водат земјата во следните пет години.

Во првиот круг од изборите на 14 мај, Ердоган освои 49,52 отсто и беше многу блиску до победа во првиот круг.

Киличдароглу, кандидатот на шестпартискиот опозициски сојуз освои 44,88 отсто, а Оган, кој беше поддржан од Алијансата АТА, е трет со 5,17 отсто од гласовите.

Оган (55), поранешен академик, беше кандидат на сојузот на десничарските партии предводени од Партијата на победата, која е позната по нејзиниот антиимиграциски став во Турција, најголемиот приемник на бегалци во светот.

Киличдароглу пред неколку дена кажа дека ќе укине многу од промените на Ердоган во внатрешната и надворешната политика, како и во економската програма за справување со кризата поради зголемените животни трошоци.

Ердоган, пак, додава дека гласањето за него во вториот круг е глас за стабилност.

Аналитичарите сметаат дека поддршката на Оган за Ердоган дава сила, но и ги дели поддржувачите на Оган.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потребни се средства за Лидија Ристевска за да се направи трансплантација со нејзини матични клетки

Редакција

(Фото) Силен ветер откорна бандери и дрвја во Кавадаречко

Редакција

Цената на струјата нема да поскапи повеќе од 1%, дополнителна евтина струја ќе нема, велат од РЕК

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница