еМагазин
Image default
Македонија

Денеска трет обид за завршни зборови во судскиот процес за модуларната болница во Тетово

Во Основниот суд во Тетово денеска треба да продолжи судскиот процес со завршни зборови на Обвинителството и одбраната на обвинетите кои се товарат за неколку кривична дела поврзани со пожарот во модуларната болница во септември 2021 година кога загинаа 14 луѓе.

Ова е трет обид да има завршни зборови откако рочиштата на 25 април и 10 мај беа одложени.

На 25 април тоа беше поради отсуство на еден од обвинетите, Флорим Бесими, а на 10 мај затоа што не беше дојден адвокатот на обвинетиот Артан Етеми.

Судијата Јордан Велковски го закажа почетокот на денешното рочиште во 10 часот.

Доказната постапка во судскиот процес заврши со последните сведоци кои беа сослушани на 6 април.

Поранешните директори, Флорин Бесими и Артан Етеми се товарат за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, а докторот Бобан Вучевски за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Клиничката болница како правно лице се товари за две кривични дела – „предизвикување општа опасност“ и „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Тие на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението, но дека не чувствуваат вина. Судењето започна во декември 2022 година.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Политиката на проширување на ЕУ е безбедносно прашање: Османи се сретна со Нуланд

Редакција

Кривична пријава против шест полициски службеници за пречекорување на овластувањата

Редакција

Полицискиот час не го почитувале 55 лица, приведени 42

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница