еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Загина возач во тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Кочани

Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи на експресниот пат Штип-Кочани во близина на клучката кај Крупиште.

Портапролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА потврдува дека сообраќајната несреќа се случила околу 13 часот меѓу две товарни возила со беровски и скопски регистерски таблички.

На лице место е починат 62 годишен возач од Велес, кој управувал со пикап – возило со скопски регистерски таблички.

Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека повикани се во 13.30 часот и учествувале во извлекување на повредени во камионот со беровски регистарски таблички, а во него имало возач и сопатник. Повредените се пренесени во штипската Клиничка болница.

Шестмина пожарникари учествувале во акцијата за извлекување на повредените од камионот, кој превезувал жито.

Портпаролот на СВР-Штип, Панајотова, информира дека увидот од страна на полицијата и обвинител се уште трае, а сообраќајот на експресниот пат Штип-Кочани е во прекин. Полициски службеници го пренасочуваат по стариот регионалн пат.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И денеска дојави за бомби во училишта во Скопје

Редакција

Почна исплатата на финансиска помош од 3.000 денари за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза

Редакција

Наставниците од септември ќе земаат за 15% поголема плата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница