еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Обвинителството не споделува детали: Приведен скопјанец поврзан со двојното убиство во „Шиша бар“?

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје вчера определи мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа заради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Убиство, информираат од Основниот Кривичен суд.

Оттаму ги демантираат наводите во одредени портали дека информацијата за поврзаноста на кривичното дело со конкретен настан, е прибавена од судот.

– Со оглед да се работи за истражна постапка за сите останати детали надлежно е Јавното обвинителство, а како суд сакаме да ги демантираме наводите во одредени портали дека информацијата за поврзаноста на кривичното дело со конкретен настан, е прибавена од судот, велат оттаму.

Според дел од медиумите, притвореното лице е осомничено за настанот од 6 март годинава, кога пет вооружени лица, маскирани со фантомки влегоа во „Шиша бар“ и убија две лица.

Од Јавното Обвинителство (ЈО) велат дека поради компромитација на истрагата не се во можност да споделуваат никакви детали.

– Со оглед на тоа што во предметот во кој е определен краткотраен притвор за едно лице постои сериозна можност за компромитација на истрагата во оваа фаза, во интерес на тајноста на постапката не сме во можност да споделуваме никакви детали, велат од ЈО за МИА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Холандските власти го гонеле Исеини, кој беше убиен во Чаршијата, за убиство

Обезбедени снимки од видео надзорот на барот, околните објекти и системот „Безбеден град“: Детали за истрагата за двојното убиство во Чаршијата

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови правила за градинките: Максимум 12 деца и две негователки за групите до две годишна возраст

Редакција

Министерство за земјоделство склучи договор со „АК-инвест„ вреден 1,6 милион евра

Редакција

Нови 528 случаи на Ковид-19 од 4.323 тестирања

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница