еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Голема разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во анкетата на НДИ

На прашањето „Доколку утре се одржуваат парламентарни избори, колку е веројатно дека ќе излезете да гласате?“ одговор дека би гласале дале 71 процент од испитаниците, дека не би гласале 23 отсто, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење на Националниот демократски институт (НДИ) .

Со одговор „дефинитивно ќе гласам“ се 32,6 проценти, најверојатно ќе гласам 38,5 проценти, веројатно нема да гласам 10,4 проценти, „дефинитивно нема да гласам“ 12,9 проценти, „не знае“ пет проценти, а одбиле да одговорат 0,7 проценти.

Според истражувањето, доколку утре се одржат парламентарни избори, 21,5 проценти ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, 13,9 проценти за СДСМ, 6,2 проценти за ДУИ, 3,6 проценти за БЕСА, 3,4 проценти за Алијанса за Албанците, 2,9 проценти за Левица, 1,7 проценти за Движењето на Максим Димитриевски, за други 1,1 процент. За 2,2 проценти опција во таков случај е неважечко ливче, 16,7 проценти рекле дека нема да гласаат, 8,5 проценти одбиле да одговорат, а 18,3 проценти дале одговор „не знам, сѐ уште немам одлучено“.

Истражувањето на Националниот демократски институт е спроведено од 13 до 24 април годинава на примерок од 1.003 испитаници на возраст од над 18 години, со метод лице-в-лице и маргина на грешка +/-3,09 процентни поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Граѓаните најзагрижени за животниот стандард, ниските плати и пензии, криминалот и корупцијата, покажува анкетата на НДИ

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Полицаецот кој го удри ракометарот Филип Талески е суспендиран и доби кривична

Редакција

ОБСЕ/ОДИХР/ПССЕ: Добро организирани избори, со мирен, уреден и транспарентен изборен ден

Редакција

Претстави на МНТ од денеска ќе можат да се гледаат и онлајн

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница