еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

По излегување од затвор во 1999 година, Ердоган живеел во Тетово неколку месеци

Интересен детаљ за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е тоа што одреден период живеел во Тетово, Македонија, јави euronews Albania.

Поранешниот конзул на Албанија во Истанбул, Ермал Калеци изјавил дека Ердоган живеел во Тетово неколку месеци во 1999 година.

– Тој  по излегувањето од затвор се засолни кај албанско семејство во Тетово. Ова е откако во 1998 година тој беше осуден за поттикнување верска омраза затоа што рецитирал песна во која ги споредува џамиите со касарните и верниците со војската, тврди Калеци.

За овој настан Ердоган бил осуден на 10 месеци затвор, од кои одлежал само четири месеци. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од фудбалер до вечен претседател: Кој е Реџеп Таип Ердоган

МИА/Фото: Фејсбук/Ердоган

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина италијaнската фудбалска легенда Паоло Роси

Редакција

Мицкоски: Ако се вистина најавите за отфрлање на иницијативата за референдум, власта ќе ги влоши односите со опозицијата

Редакција

Германија не се откажува од рускиот гас, Киев обвинува дека европските земји ја финансираат војната против Украина

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница