еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ханиф Зендели избран за нов заменик претседател на Судскиот совет, констатирани оставките на Радевска-Стефкова и Герасимовски

Ханиф Зендели е избран за нов заменик претседател на Судскиот совет.

По предлог на членот Ивица Николовски, на денешната 444-та седница на Судскиот совет, со девет гласа „за“ и еден „против“, Зендели беше избран за нов заменик претседател на местото од Селим Адеми.

– Сигурно дека ќе се трудам максимално да дадам придонес да ги подобриме сите состојби. Јас мислам дека бев дел од тоа дека сакав и сакам работите да одат така како што личи на една највисока институција во државата, тоа е Судскиот совет, изјави Зендели.

Другите членови на Советот посакаа успешна работа на новиот заменик претседател.

На денешната седница, Судскиот совет констатираше и престанок на мандатот на членовите Мирјана Радевска-Стефкова и Зоран Герасимовски по нивните поднесени оставки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила судијата Радевска-Стефкова, која поднесе оставка од Судскиот совет

Каков имот пријавил судијата Герасимовски, кој поднесе оставка од Судскиот совет

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Еуроимпекс“ го доби тендерот на Државниот архив за набавка на автомобил вреден 17.000 евра

Редакција

(Видео) Пратеникот на СДСМ, Каевски си игра игрици на телефон за време на Собраниска комисија

Редакција

По долга борба со ракот, почина Шенон Доерти, ѕвездата од серијата Беверли Хилс 90210

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница