еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Движењето Европа сега победи на вонредните парламентарни избори во Црна Гора

Од 100 отсто преброени гласови од Центарот за демократска транзиција (ЦДТ), најдобар резултат на вонредните парламентарни избори во Црна Гора, кои се одржаа вчера, освои Движењето Европа сега (ПЕС) предводено од Милојко Спајиќ – 26 отсто од гласовите.

По неа следи листата „Заедно“, чиј столб е Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Данијел Живковиќ со 23 отсто од гласовите.

На трето место е коалицијата „За иднината на Црна Гора“ – Демократски фронт (ДФ) со 15,1 отсто, а на четврто е листата „Алекса и Дритан – Храбро се брои“, која ја сочинуваат Граѓанското движење УРА на Дритан Абазовиќ и Демократите на Алексе Бечиќ со 13 отсто гласови.

Спајиќ, по соопштувањето на резултатите на прашањето со кого нема да преговара порача дека тоа е најавено уште од претходно, а се однесува на ДПС и УРА.

Заменик претседател на ПЕС е актуелниот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По предвремените парламентарни избори во Црна Гора тешко да се формира нова влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Започна изградбата на системот за топлификација на Битола, Могила и Новаци

Редакција

Прва за Македонија: Активистката Ана Чоловиќ – Лешоска добитник на Голдманова награда за животна средина

Редакција

(Фото+Видео) Велигден во Бигорски: Торжествено, величествено, светлоносно

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница