еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Наскоро идентификациски број за Отворен Балкан за граѓаните на Македонија

Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за статусот на проектот Отворен Балкан. Задолжено е Министерството за информатичко општество и администрација, да овозможи пристап до неопходниот сет на податоци од Централниот регистар на население, за потребите на услугата за генерирање идентификациски број на граѓанинот, со цел целосно исполнување на обврските кои Владата ги има преземено во рамки на иницијативата Отворен Балкан.

Услугата за генерирање на идентификациски број за Отворен Балкан за граѓаните на Македонија е услуга која е во надлежност на Министерството за информатичко општество и администрација и е наменета само за граѓаните на Македонија.

Идентификацискиот број за Отворен Балкан го генерира секоја држава за своите граѓани соодветно. Кога граѓаните сакаат да аплицираат за Услугата за упис во регистарот на слободен пристап до пазарот на труд, тие треба со овој број да се најават на порталот за електронски услуги кај државата во чиј регистар на слободен пристап до пазарот на труд сакаат да бидат впишани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бизнисменот Кочо Анѓушев и неговата фамилија на „црната листа„ на САД

Редакција

Телма: И сестрата на „несудената конзулка“ Ејупи, земала хонорари од Државно правобранителство

Редакција

Има надеж за компромис во преговорите со Украина, вели рускиот министер за надворешни, Лавров

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница