еМагазин
ЖИВОТ

Вакцинирани над 1.000 деца за пропуштени рутински вакцини со кампањата на МЗ и СЗО, „Од врата до врата“

Над илјада деца се вакцинирани за пропуштени рутински вакцини во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство (МЗ) и Светската здравствена организација (СЗО), „Од врата до врата“, соопшти денеска МЗ.

Вкупно се посетени 3.373 семејства, заедници и собиралишта на лица во повеќе од 200 урбани и рурални средини. Во рамки на кампањата, одржани се едукативни разговори и предавања и поделени се над 6.000 материјали за рутинска и вакцинација против Ковид-19.

Кампањата почна на 24 април 2023 година и се спроведуваше вкупно четири недели, како дел од европската недела на имунизација 2023 година, со финансиска поддршка од ЕУ.

Во теренските посети, како што информира ресорното Министерство, биле вклучени 30 медицински тимови, со цел презентирање на бенефитите од имунизација, како и администрирање вакцини против Ковид-19 и рутинска вакцинација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца кинески инженери од „Синохидро“ пристигнаа во Македонија, тие се без симтоми на коронавирус и се под здравствен надзор

Редакција

Обезбеден лекот за конго-кримска хеморагична треска, болничарката во стабилна состојба

Редакција

Мерко јавно охрабрува колење на кучиња, од „Анима мунди„ му порачаа дека ова не е племенски сојуз, туку држава

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница