еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР ги повика бугарските политичари на воздржаност од предвремени пресуди за нападот на копретседателот на бугарскиот клуб “Шемето“

Македонското министерство за надворешни работи апелира за воздржаност од предвремени квалификации се до целосно расчистување на случајот во врска со вчерашниот напад врз државјанинот на Македонија, Б.К. од Лабуниште.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Натепан копретседателот на бугарскиот клуб „Шемето“, бугарските медиуми на инцидентот му залепија етнички предзнак

-Овој настан не смее да фрла сенка врз институционалните напори за негување на правата и интересите на помалите заедници, вклучително и напорите за уставно-правно загарантирани права за нив, меѓу нив и бугарската заедница.

Ја повикуваме јавноста и политичките субјекти од соседна Бугарија да им овозможат на институциите на државата да ги расчистат околностите на настанот и соодветно процесуираат, согласно законската регулатива, се вели во денешното соопштение од МНР.

Од Министерството потсетуваат дека синоќа со осомниченото лице за нападот, А. Н. од Велешта, бил извршен службен разговор и известен е јавниот обвинител.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарското МНР ќе го испитува случајот со тепањето на копретседателот на бугарскиот клуб „Шемето“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема активни пожари, 12 изгаснати во изминатото деноноќие

Редакција

СЕММ со апел за професионално известување за несреќата: Медиумите да информираат точно и да не објавуваат имиња и фотографии на жртвите

Редакција

(Фото) Oтворен нов објект во Психијатриска болница Скопје

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница