еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Рускиот Парламент одобри регрутирање криминалци во војската

Предлог-законот што ќе им овозможи на криминалците да се приклучат на руската војска помина во Долниот дом на рускиот Парламент.

Согласно законот, во армијата може да се пријават криминалци кои не извршиле кривични дела од сексуална природа, предавство, тероризам или екстремизам.

Договор за воена служба може да се склучи со некој кој е под истрага за сторено кривично дело, чиј случај е на суд или е осуден, но пред правосилноста на пресудата, соопшти Думата.

Оние кои аплицираат ќе бидат ослободени од кривична одговорност по завршувањето на нивниот договор или ако добијат воени признанија.

Платеничката група Вагнер регрутирала затвореници да се борат во Украина, но во февруари соопшти дека престанала. Новиот законски акт не опфаќа регрутирање на лица кои веќе ја отслужуваат својата правосилна казна.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Ни Чак Норис не може да си купи стан сам од себе“: Твитер реакции за Мијалков чии конфискувани станови ги купи неговиот син

Редакција

(Фото) Политичар од друг свет: Претседателот на Португалија сам си пазари во супермаркет

Редакција

Сите детали: Освен затворска казна од 9 години, на Боки 13 ќе му се конфискуваат и 12 илјади евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница