еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Македонски автобус за малку избегна трагедија да не пропадне во надојдената Западна Морава

Српската сообраќајната полиција спречила автобус со македонски регистарски таблички кој бил полн со патници да помине преку мостот кој ги поврзува селата Мрчајевци и Слатина само 20 минути пред надојдената река Западна Морава да го урне мостот, јавуваат српските медиуми.

Трагедијата била избегната благодарејќи на Небојша Богдановиќ, кој ја алармирал полицијата да го запре сообраќајот откако забележал дека столбовите попуштаат. Откако ја алармирал полицијата и лично ги предупредувал возачите.

Сообраќајот на оваа делница одамна бил во прекин, и непознато е зошто македонскиот автобус се движел по тој пат.

Во Србија поради поплавите, прогласена е вонредна состојба во повеќе од 50 градови. Од српското МВР апелираат до граѓаните да ги одложат патувањата додека не се стабилизира ситуацијата.

Видео: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минатата недела 145 случаи на Ковид-19, едно лице починало

Редакција

Нови 442 случаи на Ковид-19 од 2.939 тестирања

Редакција

Новиот вид на коронавирус се шири во Грција, потврдени 33 нови случаи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница