еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Во сообраќајка во Албанија животот го загуби осумгодишно дете од Македонија, петмина се повредени

Во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случила во Албанија животот го загубило осумгодишно дете од Македонија, а пет лица се повредени.

-Сообраќајната несреќа се случила на патниот правец Елбасан-Пеќин, кај селото Паулеш. Во несреќата учествувал автомобил марка „голф” со гостиварски регистарски таблички управуван од македонската државјанка Т.Б., кој се движел од Елбасан кон Пеќин и автомобил управуван од А.Х., жител на албанскиот град Каваја, пренесуваат медиумите.

Повикувајќи се на полициски извори медиумите објавуваат дека Т.Б. изгубила контрола врз возилото, удрила во другото возило и завршило на браниците на патот.

Во несреќата со повреди се здобила мајката на починатото дете Т.Б. и нејзината 11- годишна ќерка, како и А.Х. и две лица кои биле во неговиот автомобил. Транспортирани се во регионалната болница во Елбасан и според последните информации се вон животна опасност.

Причина за несреќата е влажниот коловоз и неприлагодена брзина на движење на автомобилот со македонски ознаки. Според медиумите местото каде што се случила несреќата е една од неколкуте црни точки на оваа делница.

МИА/Фото: Полиција на Албанија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ни срам, ни извинување од Џафери

Редакција

Истрага „Подарок“ на СЈО: Како Ставрески и Јанакиески го оштетиле Буџетот за 33 милиони евра

Редакција

Кои пратеници на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласат за уставните измени предвидени со договорот со Грција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница