еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Фонд од Холандија сака да го купи мнозинскиот удел на клиниката „Жан Митрев„

Деновиве до Комисијата за заштита на конкуренцијата е доставено известување за концентрација кое се однесува на стекнување на директна контрола од страна на Балкан Алајанс Хелткер Б.В. од Амстердам, Холандија над приватната здравствена установа – Клиничка болница Жан Митрев Скопје преку купопродажба на удели, информираат од таму на официјалната веб страница.

Балкан Алајанс Хелткер Б.В. во рамките на својата инвестициона политика има намера да стапи во стратешко партнерство со клиниката преку стекнување на контрола со купување на мнозински удел, согласно одредбите од Законот за установите и Законот за здравствената заштита, велат од Комисијата.

-Приватна здравствена установа – Клиничка болница Жан Митрев Скопје врши дејности поврзани со давање на различни здравствени услуги на трети лица преку клиничка болница и тоа општа хирургија, кардиоваскуларна хирургија на деца и возрасни, ортопедија, интерна медицина, гинекологија и акушерство, урологија, детски болести/педијатрија, оториноларингологија, радиодијагностика, психијатрија, дерматовенерологија, неврологија, лабораторија и друго.

Подносителот врши дејност на финансиска холдинг компанија која врши инвестиции во претпријатија кои вршат дејности поврзани со давање на здравствени услуги.

Со оглед дејностите на подносителот и целното претпријатие не се поклопуваат предлагаме дефиницијата на релевантниот пазар на стоки и услуги на кој се однесува конкретната концентрација да остане отворена.

Приватна здравствена установа – Клиничка болница Жан Митрев Скопје има едно зависно друштво во Македонија и тоа – приватна здравствена установа – Поликлиника од специјалстичко-консултативназдравествена дејност Жан Митрев дијагностик Струмица со регистрирана дејност – дејности на специјалистичка медицинска пракса.

Релевантниот географски пазар на кој што се однесува концентрацијата е пазарот на Македонија, велат од Комисијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Клиниката „Жан Митрев“ потврди дека е во финални преговори за продажба на мнозинскиот удел на холандскиот фонд Balkan Alliance Healthcare

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Развојна банка: 15 милиони евра во гаранции кон банките и штедилниците, со цел поддршка на кредитирањето на микро, мали и средни фирми

Редакција

Пендаровски спомнува 12, а јас би споменал илјадници луѓе кои биле масакрирани, 300.000 протерани меѓу двете војни, вели Милков

Редакција

Одрон од земја и камења причина за излетување на возот од шините кај Падалишта

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница