еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вработен во затворот „Идризово“ пуштил осуденик да избега

Четириесет и петгодишниот И.П., вработен во затворот „Идризово“, на 18 мај годинава му отворил врата на осуденикот Д.К. од Куманово, овозможувајќи му бегство.

МВР информира дека Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) денеска до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против И.П. од Скопје, за сторено кривично дело „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“.

– Имено, И.П. во својство на службено лице-затворски полицаец при КПУ-КПД Идризово Скопје, на 18.05.2023, додека бил на смена, на барање на Д.К. од Куманово, осуден за издржување казна затвор до 2027 година за сторени кривични дела по член 237 став 1 и член 396 став 1 од Кривичниот законик, со затворен третман, му ја отворил вратата кон Отвореното одделение, овозможувајќи му истиот да избега од КПУ Идризово, соопштуваат од полицијата.

Од МВР истакнуваат дека со вака преземените дејствија И.П. постапил спротивно на процедурите, надлежностите и работните задачи и обврски за обезбедување, со што сторил кривично дело „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“, по чл. 373 од Кривичниот законик.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рашела Мизрахи предложена за претседател на Анкетната комисија за случајот Онкологија

Редакција

Отворени електронски адреси за пријавување врсничко насилство

Редакција

Измени на правилата за котација на берзата: „Сомнителните“ компании на листа на набљудување

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница