еМагазин
Image default
Бизнис

„Теламон“ инвестира во втор производствен погон, можност за нови 300 работни места

Компанијата „Теламон – Европа“ денеска го претстави новиот втор производствен погон со површина од 2.200 m2 во кој се планира инсталирање на две дополнителни центри за кримпирање на кабли.

Овој деловен потег претставува дел од инвестицискиот план за експанзија на „Теламон – Европа“, фирма ќерка на американската корпорација „Теламон“ (Telamon Corporation), со седиште во Индијана, САД.

„Според динамиката за работа, најдоцна до крајот на јуни 2023 година во новиот производствен погон ќе биде инсталирана и ставена во функција линија за склопување делови за автомобилската индустрија. Овој чекор креира потенцијал за отворање на нови 300 работни места.

Инвестицијата значи зголемување на капацитетот на производството на „Теламон – Европа“ на 10 милиони единици, планирани до крајот на 2023 година. Покрај најавената нова линија, која се очекува да започне со функционирање до крајот на месецот, планирана е и конфигурација на втора производна линија која ќе биде оперативна најдоцна до септември 2023 година.

Досегашната инвестиција на „Теламон“ од 5 милиони евра се зголемува и со оваа нова производна единица компанијата книжи вкупна инвестиција во државата од 8 милиони евра. Покрај директната финансиска инвестиција, „Теламон – Европа“ на годишно ниво, по основ придонеси и даноци, во буџетот на Македонија уплаќа над 400 илјади евра,“ се вели во соопштението.

Георги Тренкоски од „Теламон – Европа“ вели дека бројките говорат многу за остварените цели и развојот и имплементацијата на деловната стратегија.

„Во изминативе пет години, откако започнавме со работа, се случија низа настани кои, и покрај тоа што имаа силно влијание и импакт, дополнително нé мотивираа да сме силни и умни во водењето бизнис.

Со знаење, посветеност и креативност демонстриравме како се постигнуваат извонредни резултати, кои ги надминуваат плановите и проекциите. Секако, сето ова немаше да биде возможно без поддршката која ја имаме од домашните институции, довербата од нашите клиенти, и пред сé посветеноста на нашите колеги и вработени,“ изјави Тренкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија2025 со силна поддршка на развојот: Поддржани над 55 компании и околу 500 млади лица

Редакција

„Мотиви“ го доби тендерот на СОЗР на Владата за привремени вработувања вреден 71.000 евра

Редакција

Прилепска пиварница откупи сопствени акции

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница