еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

УХМР: Денеска се можни поројни дождови и брзо зголемување на водостоите на реките и свлечишта

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека во текот на денешниот ден, на повеќе места се очекуваат локални поројни врнежи од дожд кои можат локално да предизвикаат брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците низ земјава, а можно е да има и локални проблеми во дел од градските населени места доколку таму бидат распределени интензивните врнежи.

Исто така, можна е и појава на свлечишта.

Предупредуваме на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците за време на денешниот ден.

Времето денеска е променливо облачно, а од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно, од пладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе достигне 28 степени. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дали може да се плаќа со крипто-валутите во Македонија?

Редакција

На четиричлено семејство во Македонија му требаат најмалку 57.467 денари да го помине месецот

Редакција

УНИ Банка ќе дели дивиденда од 387 денари бруто по акција

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница