еМагазин
Image default
Техно

НЛБ Банка овозможува плаќање со Google Pay™

НЛБ Банка, следејќи го трендот на дигитално напредните банки, на своите клиенти кои ја користат апликацијата NLB Pay им овозможи плаќање со светскиот дигитален сервис Google Pay™, дома и во над 60 земји во светот, информираат од таму.

Унапредената мобилна апликација нуди низа нови функционалности кои дополнително го подобруваат корисничкото искуство на бесконтактните плаќања, овозможувајќи истите да бидат уште побрзи, полесни и посигурни.

NLB Pay мобилниот паричник овозможува дигитализирање на НЛБ Visa и Mastercard платежните картички во Google Pay™ преку Android смартфон или смарт часовник, и можност за користење и плаќање со сите картички на клиентот во Банката.

Апликацијата нуди и преглед на сите направени трансакции со картичките, како и состојба на сметка за секоја поединечно дигитализирана картичка. Дополнителна придобивка на сервисот е можноста за дигитализација на сите картички за лојалност со баркод.

Постоечките корисници на NLB Pay потребно е да направат апдејт на апликацијата за да продолжат непречено да ја користат, додека новите корисници на NLB Pay, може да ја преземат апликацијата преку Google Play store, целосно бесплатно. Апликацијата е достапна на мобилни уреди со Андроид оперативен систем 7.0 и повисоки верзии.

Повеќе информации околу функционалностите и користењето на NLB Pay апликацијата може да се преземат/добијат на следниот ЛИНК.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мелодијата на Европа: Звукот на мрежата на Дојче Телеком

Редакција

За што Македонците во 2018 најмногу го користеле интернетот 

Редакција

Samsung соработува со Google, партнери за апликации и Android развивачи за да овозможи непречено преклопувачко искуство со Galaxy Fold

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница