еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Детскиот фестивал „Поточиња“ објавува аудиција за нови членови

Оваа пролет Детскиот фестивал „Поточиња“ го прослави својот 15 – ти роденден со прекрасни шест претстави во Македонската опера и балет, а со доаѓањето на есента започнуваат подготовките за новото 16 – то издание “Поточиња 2019” кое ќе се одржи следната пролет.

За таа цел, организаторот “Пап продукција“ објавува Аудиција за прием на нови членови – учесници на “Поточиња 2019”. Аудицијата ќе се одржи во градинката “Срничка“ (објект Бамби) во нас. Аеродром од 17 – ти до 20 – ти септември во периодот 18:00 – 19:00 часот. Сите заинтересирани деца на возраст од 5 до 10 години може да дојдат во еден од предвидените термини и со широка насмевка да испеат една омилена песничка.

За повеќе информации можете да се обратите на produkcijapap@gmail или 072 210 660.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бесплатни прегледи за мерење на дишната функција на 21-ви ноември во Капитол мол

Редакција

Витаминка ќе стипендира студенти на Машински и на Факултетот за електротехника и информациски технологии

Редакција

Снежана Коневски-Руси е добитник на наградата за животно дело на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница