еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) МПЦ-ОА повикува на смирен протест и да не се потпаѓа на никакви провокации

Ние изразуваме протест единствено против содржината на законите за матична евиденција и родова еднаквост, не протестираме против никој друг, категоричен е Викарниот Епископ Стобиски Јаков во видео-обраќањето испратено непосредно пред протестот, во кое им порачува на граѓаните не само да застанат во одбрана на верата, во одбрана на слободата на говор и мислење, туку и да останат смирени и да не подлегнуваат на провокации.

-И кога решивме во демократско општество да се собереме и тоа не на јавен простор, туку свои на своето, во Црквата своја, гледаме разработка на старото-добро сценарио каде што агресорот одново се претставува како жртва.

Токму тоа се повиците кои што ги слушаме од вчера од некои невладини организации дека нашиот собир некого ќе загрози. Не се сомневам дека ќе има обиди на таков начин да се фрли сенка на вистината, со нивните добро познати методи на праќање провокатори, вели Епископот Јаков.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија ќе има најмал раст и највисок буџетски дефицит во Западен Балкан, прогнозира Светска банка

Редакција

Лекар од болницата во Гостивар издавал и наплатил за лажни ПЦР тестови

Редакција

СИРИЗА ги поднесе меморандумите со Македонија, Грција ќе покаже на дело колку го почитува Преспанскиот договор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница