еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нема големи поместувања во цените на метанот и на природниот гас во јули, велат од „Макпетрол“

Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ АД Скопје информира дека цената на природниот гас за месец јули ќе се намали за 0,62 % за мегават час, во однос на цената за месец јуни оваа година.

„Воедно, сакаме да информираме дека малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на „Макпетрол“ се намалува за 0,50 денари за килограм (0,35 ден./лит.), во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 62,00 денари за килограм, односно новата цена ќе изнесува 61,50 денари за килограм или 43,54 денари за литар,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 197 заболени од Ковид-19

Редакција

(ВИДЕО) Ретка снимка од пренесување на моштите на Гоце Делчев од Бугарија во Македонија

Редакција

Како да ја симнете: Достапна апликацијата за CommonPass сертификат за патување во странство

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница