еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Борисов се откажа од пратеничкиот имунитет поради аферата „Барселонагејт“, за куќа на манекенка во Барселона

Претседателот на една од бугарските владејачки партии ГЕРБ (Граѓаните за европски развој на Бугарија), и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов, соопшти дека се откажал од пратеничкиот имунитет.

-Разговарав со членовите на пратеничката група на ГЕРБ. Ќе се откажам од имунитетот и покрај тоа што поранешниот државен обвинител го направи против мене, рече Борисов во парламентот, иако претходно изјави дека „категорично одбива“ да му се одземе имунитетот.

Тој додаде дека има доверба во бугарските судови и обвинителство, јави Радио Бугарија.

Градското обвинителство во Софија претходно му предложи на државниот обвинител да побара укинување на пратеничкиот имунитет на Борисов поради случајот „Барселонагејт“.

Станува збор за афера во која поранешниот премиер е под истрага три години, а според обвинителот, собрани се докази дека Борисов перел пари давајќи незаконски стекнати пари на трети лица за купување недвижен имот во странство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се бара одземање на пратеничкиот имунитет на Борисов поради куќа во Барселона на манекенка

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По една година затвор за тројцата обвинети кои го признаа делото за насилните протести за пресудата за „Монструм”

Редакција

Израел ги прекина телекомуникациите во Газа, според Хјуман рајтс воч ризикува да обезбеди покритие за масовни злосторства

Редакција

Еуроњуз: Софија го блокира Скопје поради своите внатрешно-политички проблеми

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница