еМагазин
Забава

(Видео) „Гнев“ е новиот сингл на Conspiracy

„Гнев“ е новиот сингл на Conspiracy. Со оваа моќна, брза и ритмички силна композиција, членовите на бендот го изразуваат ставот кон денешното општество и политичките случувања коишто ја следат долгата транзиција. 

„Гнев“ всушност е прва композиција на Conspiracy којашто е отпеана на македонски јазик со што доживувањето и флуидот на песната меѓу бендот и фановите го прави уште посилно.

Conspiracy чекорат по својот пат, како што и самите велат во текстот на песната. Со новиот сингл, Conspiracy покажуваат дека времето работи за нив и доколку продолжат да чекорат цврсто и бескомпромисно онака како што знаат и умеат, ги чека светла иднина.

„Гнев“ е авторско дело на членовите на бендот Стефан Трајкоски (вокал и гитара), Александар Стефановски (тапани), Адриан Петров (гитара) и Раде Биковски (бас).

Во снимањето учествуваа Александар Стефановски и Раде Биковски, додека миксот и продукцијата на оваа композиција се дело на тапанарот на бендот Александар Стефановски.

Композицијата е мастерирана во Sierra Studios во Атина за што се погрижи Александрос Крисидис. Оваа композиција е проследена со видео запис којшто е дело на Стефан Рајхл, додека за монтажата се погрижи Ристо Душковски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија+Видео) Празнична магија во Ист Гејт Мол

Редакција

(Фото) И покрај дождот, Стинг во моментов е на проба на Градски стадион

Редакција

Каролина на 1 јули ќе одржи концерт на стадион на АРМ, ќе ги пее сите нејзини хитови кои ѝ ја одбележаа кариерата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница