еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Врховен го прифати барањето на Груевски за преиспитување на пресудата за „Плацеви на Водно“

Врховниот суд соопшти дека е оформен предмет и ќе се постапува по поднесеното барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда за предметот „Плацеви на Водно“ од осудениот поранешен премиер Никола Груевски.

– На ден 10.07.2023 година до Врховниот суд на Република Северна Македонија доставено е Барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда од осудениот Никола Груевски преку неговиот бранител Димитар Дангов, адвокат од Скопје, по предметот познат во јавноста како „Плацеви на Водно“.

По поднесеното барање оформен е предмет под КВП-КОК2-16/23 и е распореден кај судија-известител за понатамошно постапување, се наведува во соопштението од Врховниот суд.

Груевски за „Плацеви на Водно“ првостепено беше осуден на седум години затвор, а Апелација годинава ја преиначи пресудата и му ја зголеми казната на девет години затвор.

Никола Груевски во 2018 година, по објавувањето на затворската казна за случајот „Тенк“, побегна во Унгарија каде што доби азил. Македонските власти по него имаат распишано меѓународна потерница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Пендаровски со најголема доверба кај граѓаните, втор е Груевски, трет Мицкоски: Анкета на ИРИ

Сите детали: Груевски, Ставрески, Тодоровиќ, Канческа-Милевска осомничени во “Феникс“

МИА/Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинение за „Лидери“, предмет кој произлезе од разговор на Груевски и Ахмети

Редакција

Уште 306 работодавачи зеле пари од државата, а не им исплатиле плати на вработените

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: Апелациски суд за Јанакиески и Божиновски донесе политичка, а не правна одлука

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница