еМагазин
Локално

Повредено 12-годишно момче при пад од автобус

На 12.09.2018 година околу 07.10 часот во село Амзабегово, светиниколско, при влез во автобус „Ивеко“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Ш.Ѓ.(62) од Свети Николе, 12-годишно момче од село Амзабегово паднало и се здобило со тешки телесни повреди, информира МВР.

Автобусот бил застанат за прием на патници-ученици од основно училиште и во моментот кога тргнал задната врата била се уште отворена и момчето паднало. По укажана лекарска помош во приватна здравствена установа во Свети Николе, детето било префрлено воболницата во Велес. Извршен е увид на местото на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Масовна тепачка во ресторан во Градско

Редакција

Удавениот маж во Дојранско Езеро, по кој се уште се трага, е штипјанец на 42-годишна возраст

Редакција

(Видео) Пукал и објавил видео на Фејсбук: Приведен жител на Црнилишта, полицијата трага по син му

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница