еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поранешниот претседател на ДИК, Деркоски, доби ослободителна пресуда за набавката на софтвер за следење на изборните резултати

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе ослободителна пресуда за поранешниот претседател на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Деркоски, кој беше обвинет за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Покрај Деркоски, ослободени од обвинение беа и тројцата вработени во ДИК и еден управител на економски оператор кои се товареа дека извршиле „злоупотреба на службена положба и овластување“ при спроведување на две јавни набавки со што го оштетиле Буџетот за 1.312.409 денари или околу 21 илјада евра.

Според Судечкиот совет, јавниот обвинител не докажал надвор од разумно сомневање дека обвинетите ги сториле делата за кои што се товарат.

Според обвинението, тројцата вработени во ДИК, како членови на Комисијата за јавни набавки не го почитувале минималниот законски рок за поднесување понуди, не утврдиле дека економскиот оператор Дуна ДОО Скопје не ги исполнува условите за учество во постапката и притоа не спровеле правилна постапка за евалуација на доставените понуди, туку понудата ја оцениле како прифатлива и доделиле максимален број на бодови.

Процесот го водеше судијата Илија Трпков.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Неделава ќе биде клучна, Русија се повеќе ќе напаѓа, се плаши дека ќе изгуби“, предупреди Зеленски

Редакција

Преживеан од автобусот кој изгоре во Бугарија на Заев му кажал дека се слушнала силна експлозија

Редакција

Апелација ја потврди условната казна за Ивона Талевска

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница