еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Русија: Договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море повеќе не важи

Договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море денеска престана да важи и нема да биде продолжен, бидејќи не е исполнет делот од него што се однесува на Москва, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Денеска престана да важи Црноморскиот договор за жито. Како што претходно најави претседателот на Русија, по неговото истекување на 17 јули, договорот нема да биде продолжен, бидејќи делот што се однесува на Русија сè уште не е спроведен, рече Песков.

Тој додаде дека Москва веднаш ќе се врати на примената на Црноморскиот договор штом почнат да се исполнуваат обврските наведени во меморандумот меѓу Русија и ОН за отстранување на пречките за извоз на руски прехранбени производи и ѓубрива.

Потпишан во јули 2022 година во Истанбул, договорот со посредство на Турција и ОН веќе двапати беше обновен. Договорот овозможи 33 милиони тони жито да се извезат преку украинските пристаништа минатата година и покрај конфликтот.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во првите шест месеци 67 компании кои котираат на Македонската берза оствариле добивка, а 25 загуба

Редакција

Се уште неизвесно дали Бугарија ќе ја тргне блокадата, вели Османи

Редакција

Детали од МВР за изрешетаниот полицаец во Велес: Му го зел пиштолот и пет пати го застрелал

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница