еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Една од најголемите авиокомпании во светот Saudia Airlines, регрутира кандидати од Македонија

Водечката авиокомпанија од Блискиот Исток, Saudia Airlines, објави оглас за регрутирање на кандидати од Македонија.

Saudia Airlines сега отвора можност за младите и амбициозни луѓе од Македонија да станат дел од нивниот тим, информираат од компанијата, посочувајќи дека се нудат исклучителни услови и значителни бенефиции како здравствено осигурување, платен одмор, придобивки за купување билети за разни дестинации, конкурентна плата ослободена од данок и применлив додаток, како и целосно наместено и климатизирано сместување за идните вработени.

„Сега ја имате вистинската прилика да станете дел од ова семејство! Погледнете повеќе на следниот линк и доколку ги исполнувате горенаведените критериуми и мислите дека оваа кариера е вистинска за вас пријавете се до 22. Август 2023. на [email protected]  приложувајќи CV, две фотографии (една со големина за пасош и една целосна од кандидатот), копија од завршен курс англиски, скениран пасош или лична карта,“ велат од компанијата.

Избраните кандидати ќе бидат повикани на прелиминарно интервју (прв круг) а оние кои ги исполнуваат критериумите во првиот круг ќе бидат поканети на финалното интервју со претставници на Saudia Airlines, што ќе се одржи во Скопје.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават до 22. Август 2023. на е маил: [email protected].

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Договорот за извоз на житото преку Црно Море продолжен за уште 60 дена

Редакција

Пет лица починаа од Ковид-19

Редакција

(Видео) Во опколените места во Украина снемува вода, жителите топат снег

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница