еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Две лица загинаа, а осуммина се повредени во силно невреме во Загреб

Две лица загинаа, а осуммина се повредени во денешното силно невреме во главниот град на Хрватска, Загреб.

Силното невреме околу 16 часот го зафати западниот дел на Хрватска. Центарот на бурата помина низ Загреб. Ураганскиот ветер носеше сè пред себе – дрвја, покриви, силен дожд ги поплавија улиците, а сообраќајот е во целосен хаос, јави ХРТ.

Во силното 20-минутно невреме загинаа двајца мажи, а осум возрасни лица се повредени, кои со повреди на главата се пренесени во блиските болници.

Поради невремето што го зафати Загреб околу 16 часот, итната помош примила над 700 повици, меѓу кои и неколку пријави за повредени лица, а само пожарникарите имале 50 интервенции.

Градоначалникот на Загреб Томислав Томашевиќ преку социјалните мрежи апелираше граѓаните да ѕвонат на броевите за итна помош и пожарникарните служби само во случај на смртна опасност и крајна нужда.

МИА/Видео: Цивилна заштита на МВР на Хрватска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Македонска компанија направи „Фиќо“ на електричен погон

Редакција

Рекордна бројка на оздравени од корона вирусот: 336 од кои 113 во Скопје

Редакција

Драстичен раст: Минатата недела 1.247 лица по вторпат заболеле од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница