еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Пуцко петрол“ најмногу во ќар од неуспешната конфискација на имотот на „Трансмет“

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) соопшти дека од неуспешната конфискација на имотот на „Трансмет“ за случајот “Труст“, најмногу ќарила фирмата „Пуцко петрол“.

Од таму соопштија дека имотот на „Трансмет“ бил преземен од фирми и банки со што била направена штета од над 12 милиони евра за државата.

Според ДКСК, постоела шема со која се обезвреднил имотот, а во истата биле вклучени нотари, обвинители, правобранителството, проценители и приватни фирми.

Од шемата според ДКСК најмногу ќарил “Пуцко Петрол“, над 4 милиони евра, а движниот имот најверојатно е користен во правење профит за фирми семејно поврзани со осудениот во случајот „Труст“, Сеад Кочан.

ДКСК најде слабости уште во почетокот на процесот во предметот „Труст“ во Специјалното јавно обвинителство (СЈО), односно дека дел од имотот стекнат со кривични дела бил користен како гаранција за да не му биде определен притвор на сопственикот на „Трансмет“, Сеад Кочан.

„Мрежата била сплетена со голем број учесници со што навистина се овозможило со имот кој потекнува од кривично дело да се изнуди гаранција за човек да се суди од слобода.

И да се направи цела конструкција за РСМ да не може да го конфискува имотот, нормално, тука има помош од ‘Пуцко петрол’, проценители, извршители. Како може ист проценител да биде и од страна на осудениот и од СЈО, како може толку да се потцени имотот“, изјави претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕДС, Пуцко петрол и Марковски Компани Борче лани склучиле највредни договори за јавни набавки

Уставен ја “замрзна“ изградбата на бензиската на „Пуцко петрол“ во скопски Карпош

Стечај за „Трансмет“ на Сеад Кочан, еден од ретките кој заврши во затвор по обвинение од СЈО

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Преговорите за мир во Украина се можни само со нов светски поредок, без американска доминација, порача рускиот министер Лавров

Редакција

Осомничениот за обидот за убиство на градоначалникот на Арачиново е во бегство

Редакција

Заев, Груевски и Ахмети имале тајни средби за измените на Кривичниот законик, тврди лидерот на ДУИ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница