еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната нето плата во мај 36.465 денари

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во мај годинава изнесува 36.465 денари и во однос на мај лани  е зголемена за 16,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (25.5 проценти), Стручни, научни и технички дејности (21.4 проценти) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (18.8 проценти).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Други услужни дејности (5.3 проценти), Стручни, научни и технички дејности (5 проценти) и Транспорт и складирање (4,3 проценти).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во мај 2023 година, изнесува 54.675 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Виз ер“ најавува лет од Охрид до Базел од октомври

Редакција

Настел купи акции во Реплек: Поседува 5,95% од вкупниот број на акции на фармацевстката компанија

Редакција

Ревизорите открија слабости кај Фондот за здравствено осигурување во однос на лекувањето во странство

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница