„ВМРО-ДПМНЕ ставот не го гради врз основа на чувства, ВМРО-ДПМНЕ ставот го гради врз основа на онаа навигација која што ја доби од граѓаните и врз основа на сите оние информации кои што ги добиваме од средбите со нашите пријатели од меѓународната заедница, но и оние средби со граѓаните.
Нашиот став е изграден потврден од телата на партијата од, Извршниот комитет, едногласно од Централниот комитет, така што ВМРО-ДПМНЕ, го кажа својот став и јас сега не би го повторувал и нема промени во истиот„, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.
Фото/видео: ВМРО-ДПМНЕ