еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Тројца странски туристи се изгубиле во Националниот парк „Галичица“

Полициски службеници од СВР Битола – ОВР Ресен и спасувачката служба на Црвен крст од Охрид вчера попладне во 17.30 часот пронајде тројца американски државјани, кои се изгубиле во Националниот парк „Галичица“.

Како што информира МВР, Н.А.(33) од САД вчера во 15.42 часот во СВР Битола пријавила дека таа, нејзиниот сопруг Л.Ц.(33) и нејзиниот брат J.A.(30), сите државјани на САД, се изгубиле во Националниот парк „Галичица“.

Според пријавеното, тие тргнале да планинарат кон врвот Галичица, при што се разделиле и по кратко време се изгубиле.

Од МВР посочуваат дека веднаш по пријавата, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Ресен заедно со спасувачката служба на Црвен крст од Охрид извршиле пребарување на теренот, по што лицата биле пронајдени. Лицата подоцна биле спуштени на патеката што води кон село Лескоец, каде биле прифатени и со возило од Националниот парк „Галичица“ биле транспортирани до асфалтниот пат Царина-Трпејца.

Сите тројца биле прегледани од екипа на Итната медицинска помош Ресен и било констатирано дека се во добра здравствена состојба, по што заминале во сместувачкиот објект во Охрид.

МИА/Фото: eMagazin.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жената од Кочани имала убодни рани во градите, стомакот, вратот и рацете, убиецот заврши во притвор

Редакција

Демократски сојуз и Алтернатива го условувaат влезот на Алијансата за Албанците во Владата

Редакција

Македонската амбасада оштетена во руски напад на Киев

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница