еМагазин
Image default
Македонија

(Видео) Новинарка го искара министерот Бектеши оти кажал Македонија

На денешната прес-конференција новинарката Александра Дуковска го искара министерот за економија Крешник Бектеши оти ја нарекува државата Република Македонија.

– Зборувате за непостоечка држава. Зборувате за државата на која името ѝ е променето, а стоите тука покрај три знамиња, реагираше Дуковска.

Таа го праша Бектеши дали знае како ни се вика државата, а тој и одговори дека знае.

– Северна Македонија, рече тој.

– Па што е ова тогаш, зошто ја ословувате како Република Македонија, која ви е таа држава?, инсистираше новинарката.

На ова министерот Бектеши ѝ одговори:

-Само да бидеме начисто. Документите и зошто викам Република Македонија се донесени кога името на државата било Република Македонија. Нема никаков проблем, зошто да не кажувам Република Македонија.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И националниот кординатор Забрчанец во самоизолација, со Зекири имал состанок

Редакција

„Ругање со Христос„ на Јани Бојаџи ќе се прикажува само во Штип, другите државни центри за култура немале термин

Редакција

Ако не се прифати еден од нашите предлози, избори би биле единствено логично решение, вели Мицкоски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница