еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Ставен под контрола пожарот кај Неготино

Ставен е под контрола пожарот кај Неготино, информираше вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

На пожарот интервенираа пожарникари од Неготино и Кавадарци, а во гаснењето се вклучија и авион на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и хеликоптер на МВР.

– Бидејќи немаше потреба од второ дејство на авионот на ДЗС, хеликоптер на МВР со ведро од еден тон во два наврати прецизно дејствуваше врз пожарот во боровата т.н. Гоцева шума во непосредна близина на Неготино, каде во моментов силниот пожар од страна на територијалните противпожарни единици од Неготино и Кавадарци е ставен под контрола, појасни Ангелов.

Тој додаде дека се очекува и третиот налет на хеликоптерот на МВР, после што леталото ќе се повлече во неговата база. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Најмалку 33 лица загинаа во во руски напад врз две училишта и станбени згради во Чернигов

Редакција

(Фото) Пожар кај Ајватовци кај репетиторите

Редакција

„Во чест на новородениот внук, Џафери ќе ја легализира дивоградбата кај Мавровка„: Твитер реакции

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница