еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Продолжува потрагата по 30-годишниот маж во браната Глажња

Продолжува потрагата по исчезнатото лице од липковското село Никуштак во езерото Глажња, информираа денеска надлежните. Пет тимови нуркачи ги пребаруваат водите на езерото, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

– Потрагата продолжува и денеска. Вчера по иницијатива на роднините на исчезнатото лице, беше ангажирано лице кое дојде со т.н „аквадрон“. Потрагата продолжува со пет нуркачки тима.

Да нагласам дека длабочината на браната на местото каде последен пат е видено лицето нагло е зголемена и доаѓа до 40 метри. Покрај „Тигрите“ во потрагата учествуваат и екипи на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), еден нуркачки тим и тим кој со чамец го пребарува брегот на езерото со асистенција на полицијата од СВР Куманово, изјави Ангелов.

Водата во вештачкото езеро е матна, видливоста е околу 40 сантиметри што го отежнува пребарувањето, но Ангелов вели дека „Тигрите“ имаат искуство во вакви пребарувања.

Вчера и од АД Водостопанство „Кумановско липковско поле“ информираа дека е стопиран темелниот испуст за да им се помогне на екипите во пребарувањето и да не се создаваат струи во езерото.

Потрагата по исчезнатиот млад жител на липковското Никуштак трае од завчера кога тој во попладневните часови влегол во водите на Глажња и не излегол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Нуркачи го бараат 30-годишниот маж, кој исчезна во браната Глажња

МИА/Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тројца починати од Ковид-19, најмладиот на 49-годишна возраст

Редакција

Нови 55 случаи на Ковид-19, оздравени 55, нема починати

Редакција

Ќе ја нападне ли и Молдавија: Кои се главните четири воени цели на Русија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница