еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Халкбанк го зголеми капиталот за нови 30 милиони евра

Халкбанк АД Скопје изврши зголемување на капиталот за нови 30 милиони евра, што претставува нова значајна докапитализација и изразена поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанк АШ Турција, информираат од таму.

-Комисијата за хартии од вредност донесе Решение со кое е одобрена XХ-та емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда, односно, Халкбанка АД Скопје изврши зголемување на основната главнина со издавање на 184.500 обични акции со номинална и продажна вредност од 10.000 денари по акција или со вкупен износ на емисијата од 1.845.000.000 денари, а единствен купувач е матичната банка Халкбанк АШ Турција.

Халкбанк АД Скопје е еден од најголемите и најсилни брендови на македонскиот финансиски пазар, со постојан раст во сите сегмени на деловното работење. Таа е стабилна банка од аспект на капиталот, што се обезбедува преку додавање на капиталот на сите добивки кои што ги остварува во Северна Македонија и многу повеќе од тоа, сé со цел да се обезбеди одржлив и здрав раст.

Новата докапитализација е потврда за стабилноста и сигурноста на банката и посветеноста кон нејзиниот раст на македонскиот финансиски пазар, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе одговара ли некој што сестрата од Детската клиника неправедно беше нападната и обвинета за наводно претепување на бебе?

Редакција

Македонското сценарио од 27 април во Конгресот на САД: Светот „вџашен“ од почетокот на 2021 година

Редакција

Во блок-трансакција вредна 1,2 милиони евра продадени акции од „МЗТ заеднички работи“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница