еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Две лица загинаа, а тројца се тешко повредени во сообраќајка кај Росоман 

Две лица загинаа, а тројца се тешко повредени во сообраќајна несреќа, која утрово се случи кај Росоман.

Ова се првичните информации што за МИА ги сподели доктор Ратко Грков, раководител на Службата за брза помош во Кавадарци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фотографии од сообраќајката кај Росоман, во која загинаа две лица

– Итната медицинска помош веднаш замина на лице место по дојавата за сообраќајка кај Росоман, со три екипи. Вклучени се и вработени што не беа на смена, ама беа спремни да помогнат во секој момент, изјави Грков.

Смртта кај двете лица била констатирана на лице место.

Според првичните информации, имало верижен судир на четири возила.

Од полицијата повеќе детали најавуваат за подоцна. На терен интервенира и Територијалната противпожарна единица на Кавадарци со две возила и шест пожарникари.

МИА/Фото: МИА/КТВ телевизија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Распродадени билетите во еден правец: Русите бегаат во Турција по повикот на Путин за мобилизација

Редакција

Британскиот премиер Борис Џонсон префрлен на интензивна нега

Редакција

Договор вреден 1,2 милион евра склучи Општина Гостивар со „Ленди груп“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница