еМагазин
Техно ТОП СТОРИИ

(Видео) Русија по речиси 50 години се враќа на Месечината

По 47 години Русија се враќа на Месечината. Денеска земјата го лансираше лунарното летало „Луна 25“.

Земјата ја испрати последната сонда на Месечината во 1976 година.

Планот е Русија да биде првата нација што ќе направи меко слетување на јужниот пол на Месечнината, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос.

Се очекува вселенското летало да ја допре Месечината на 21. август, изјави за агенцијата Интерфакс шефот на руската вселенска програма, Јуриј Борисов.

„Луна 25“, кое е со приближна големина на мал автомобил има за цел да работи една година на јужниот пол на Месечината, каде што научниците од НАСА и другите вселенски агенции во последниве години открија траги од воден мраз во кратерите.

Фото/видео: Роскосмос/Гардијан

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За македонското малцинство во Бугарија и вклучување на Бугарите во Уставот, разговарале Муцунски и бугарскиот колега Георгиев

Редакција

Владата ќе ангажира советник по швајцарско право за да се справи со тужбата од грчката „Ел.Пет.Балканики“

Редакција

Почина академик Георги Старделов

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница