еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Куче покажа што е лојалност и љубов, со денови чекало пред болницата во Прилеп каде се лекува неговиот сопственик

Куче им покажа на луѓето што е лојалност и љубов. Тоа, како што објави на Фејсбук, Славко Дамјановски од Скопје, со денови чекало пред болницата во Прилеп каде се лекува неговиот сопственик.

Дел од медиумите објавија дека тој имал мозочен удар.

-Кучево е позитива на денот, пример за чиста љубов и лојалност, а сите Вие пример како треба и дека ќе одиме напред како заедница по осветлен пат.

Кучево е пред болница Прилеп. Трчало по возило на итна помош во кое се превезувал газдата. Два дена го чека пред болница сопствениоот и не јаде.

Која е оваа љубов луѓе…..

Ги молам сите активисти кои ги имам во пријатели, да не ги тагирам, ако имаат линкови во Прилеп да му се помогне некако со пансион или храна, бидејќи е мавано со камења за да се тргне од “луѓе”. Ќе помогнам, напиша тој, а откако повеќе медиуми објавија за кучето, тој го апдејтуваше својот статус:

-Кучето е на сигурно.

Многу медиуми се загрижија и секоја почит за нив.

Многу почит за здружението за заштита животни од Скопје кое понуди брзо и конкретно решение.

Многу почит за луѓето кои се понудија да покријат финансиски трошоци, луѓето кои се понудија со храна и било каква друга помош.

На крај, а не помалку битно, голема благодарност за докторката која алертираше со многу емпатија, емоција и љубов.

Браво.

Фото: Фејсбук/Дамјановски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 323 случаи на Ковид-19 од 2.928 тестирања, бројот на активни e 12.754

Редакција

Нови 862 случаи на Ковид-19, во Скопје 390

Редакција

Истрага за осум трговци со македонско културно наследство

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница